Откако помина неколку дена во Италија полнејќи ги батериите, на одмор со инфлуенсерката Фати Васкез, кој е 12 години постара од него, ѕвездата на Барселона отпатува во Бразил.
Јамал отпатува во Бразил за да се дружи со својот идол Нејмар, кој ужива и одмара таму со недели, а двајцата споделија фотографии и видеа на социјалните мрежи на кои се гледа како се релаксираат.
Јамал го посети Нејмар во неговиот дом во Мангаратиба, Рио де Жанеиро, и тие им открија на навивачите дека играле одбојка, размениле дресови и се опуштиле покрај базенот.
Јамал исто така се потстрижи од фризерот на Нејмар, кој со години се грижи за неговиот изглед. Јамал претходно истакна дека Нејмар е негов идол, а нивниот стил на игра многу фанови ги потсетува еден на друг.
Инаку, Нејмар е на „одмор“ од почетокот на месецот, кога го одигра својот последен натпревар за Сантос, на кој доби црвен картон.
Неговиот договор со бразилскиот клуб истекува на крајот од месецот, а се претпоставува дека Нејмар го завршил својот престој во клубот од детството.
Да потсетиме дека кариерата на Нејмар доживеа остар пад откако пред две години го напушти ПСЖ и се пресели во Ал-Хилал. Во Саудиска Арабија, Нејмар одигра само три натпревари пред сериозно да се повреди, а потоа се врати во Сантос, каде што постигна три гола на 11 натпревари.
Од друга страна, Јамал има можност да одмори до средината на јули, кога ќе започнат подготовките на Барселона за новата сезона, која започнува кон средината на август.