Со недели луѓето зборуваат за новата песна на Шакира во која таа се осврна на новата врска на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике. Сепак, таа нема да застане тука и подготвува нова песна во која повторно ќе допре до бившиот, а ќе излезе на симболичен датум.
Во соработка со Бизарап, Шакира ги нападна сите блиски до таткото на нејзините две деца. Со недели се зборува за колумбиската пејачка и песната „Music Session Vol. 53“ во која таа зборуваше за тоа како Пике се однесувал во врската.
Иако песната стана инстант хит, беше објавено дека подготвува нова песна и дека е избран многу посебен датум за нејзино објавување.
Шакира ќе ја објави својата нова песна на 2 февруари, што не е каков било датум, туку денот кога и колумбиската пејачка и Жерар Пике ги слават своите родендени.
Како што беше објавено во подкастот” Mamarazzis” на Лаура Фа и Лорена Васкез, Карол Џи и Шакира напорно работеа на оваа песна. Спотот го снимиле за само два дена, а сесиите траеле повеќе од 15 часа дневно.
Новите наводи сугерираат дека новиот хит на Шакира може да содржи и референци за Пике на посуптилен и помалку директен начин.