Северина еднаш се најде во центарот на скандал кога во јавноста излезе нејзиното интимно видео од јахтата, а сега пејачката за хрватските медиуми откри како најмногу се плашела од реакцијата на својата професорка во средно училиште.
– Почетокот на моите триесетти го одбележа филмот. Најлошо во тој период беше кога си помислив: „Исусе Христе, како ќе реагира мојот професор од средно, професор Новаковиќ? Тој беше првиот што ми падна на памет. Тој беше толку прекрасен и мирен човек. Но, како ќе реагираат другите мои професори? Дури подоцна помислив на мајка ми, бидејќи се подразбира дека мајка ти е секогаш со тебе, затоа што те познава – призна хрватската пејачка, па додаде:
– После тоа поминав шест месеци дома, па го снимив албумот „Севергрин“. Тогаш ми дојде идејата дека не сакам повеќе да бидам на првата линија – се присети Северина за хрватска ,,Глорија.”
Да потсетиме, Северина деновиве се најде во центарот на медиумското внимание, откако во јавноста беше обелоденета нејзината приватна преписка со сопругот на Јелена Карлеуша – Душко Тошиќ.