По скандалозниот развод на ѕвездата од серијата „Игра на тронови“, Софи Тарнер, од американскиот музичар Џо Џонас, актерката беше фотографирана како се бакнува со аристократот Перегрин Пирсон во Париз.
27-годишната актерка беше забележана како се бакнува со Перегрин во близина на железничката станица Гаре ду Норд во француската престолнина, само еден месец откако поднесе барање за развод од Џонас.
На фотографијата која го обиколи светот, Софи е облечена во црно и носи црвена капа, што очигледно не и помогнало да се сокрие од јавноста. Двајцата излегле од автомобилот и почнале да се бакнуваат, што папараците го искористиле за да се фотографираат.
Перегрин, кој важи за најпосакуваниот британски ерген, неодамна раскина со внукот на кралот Чарлс, а богатството на неговото семејство се проценува на нешто повеќе од 300 милиони долари.
Sophie Turner blink twice if you need help, body language looks so awkward, he looks like hes literally grabbed her for a photo to be taken.
— Tiffany🏳️🌈 (@TiffanyTre79) November 2, 2023
She deserves happiness not more story lines. pic.twitter.com/Ok937aeOhh
Да потсетиме, странските медиуми претходно објавија документи од судењето на Софи и Џо Џонас, во кои се наведува дека секој родител ќе помине две недели со децата, патувајќи меѓу САД и Велика Британија.
„По продуктивно и успешно посредување, се договоривме децата да поминуваат подеднакво време во домови со љубов и во САД и во Велика Британија“, рекоа Џо и Софи во заедничката изјава.