– Министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, во врска со вчерашниот терористички напад во Истанбул изјави дека полицијата извршила претрес на 25 локации и привела 40 лица.
Во терористичкиот напад што се случи вчера пред Палатата на правдата во Истанбул, животот го загуби еден граѓанин, а шест се повредени, од кои тројца полицајци. Двајцата терористи се неутрализирани.
Министерот Јерликаја даде детали за приведувањето на лицата поврзани со терористите што стојат зад вчерашниот напад.
„Полицијата на Истанбул веднаш по гнасниот обид за напад изврши акција на 25 локации и приведе 40 лица. Нашите операции продолжуваат“, нагласи Јерликаја.
Извршителите на нападот на полициската контролна точка пред зградата на судот биле членови на терористичката група ДХКП-Џ, соопшти претходно Јерликаја.