Рускиот тенисер Данил Медведев ги сподели првите впечатоци по болниот пораз во финалето на Австралија Опен.
Јаник Синер ја освои првата грен слем титула во кариерата, откако го совлада Русинот Данил Медведев со 3:2 во сетови (3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3).
Русинот достоинствено го претрпе поразот. По болниот неуспех, тој му честиташе на својот ривал за големиот успех, им се заблагодари на својот тим и навивачите за поддршката и ја искористи можноста малку да се пошегува на себе.
“Сакам да му честитам на Јаник, тој беше неверојатен, ја заслужи оваа победа. Ќе имаме многу турнири, многу борби. Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, многу ви благодарам за поддршката”, започна Медведев.
По втор пат во кариерата, Данил доживеа пораз во финалето на АО по предност од 2:0 во сетови , па се пошегува на себе и ја насмеа публиката во „Род Лејвер Арена“.
„Вечерва немав среќа да го земам трофејот, но поради сите вас ќе се обидам тоа да се случи во иднина. Да се загуби во финалето е тешко, но ова се финалиња кои сум ги загубил претходно на сличен начин“, рече Медведев со насмевка.
Горд сум на себе, следниот пат ќе се обидам да направам подобро“, заклучи Русинот.