По Хрватите и Црногорците повикаа на бојкот на продавниците во петок

Алтернатива Црна Гора ги повика граѓаните во петок да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во земјата, пишува Cafe del Montenegro (CdM).

„Во петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, сето тоа без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани“, се вели во соопштението.

Алтернатива истакна дека истата акција била спроведена и во Хрватска и дека дала резултати. Истата акција е најавена и во Босна и Херцеговина за петок, пренесува ЦдМ.

„Алтернативна Црна Гора сака да го организира истото во Црна Гора“, се додава во соопштението.

Сметаат дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири, со договарањето на цените меѓу себе, имале пресудно влијание граѓаните да не го почувствуваат целосното зголемување на платите и пензиите.

„Можеме ли политиката да ја оставиме настрана еден ден, да не се делиме, сите да бидеме едно, да им покажеме дека ние сме тие што одлучуваат? прашаа од Алтернатива.