Претседателот на Русија, Владимир Путин, оцени дека влошувањето на палестинско-израелскиот конфликт е резултат на неуспехот на американската политика и игнорирањето на одлуките на Советот за безбедност на ОН.
„За жал, гледаме нагло влошување на ситуацијата на Блискиот Исток. Мислам дека многумина ќе се согласат со мене дека ова е јасен пример за неуспехот на политиката на САД на Блискиот Исток. САД се обидоа да го монополизираат решението, но за жал не се занимаваа со изнаоѓање компромиси прифатливи за двете страни“, порача Владимир Путин на средбата со премиерот на Ирак, Мохамед ал Судани во Кремљ.
Според него, Вашингтон промовирал свои идеи за тоа како треба да се случи решението и да изврши притисок врз двете страни.
„Со овој притисок, САД ги игнорираа основните интереси на палестинскиот народ, потребата од спроведување на одлуките на Советот за безбедност на ОН за создавање на суверена палестинска држава“, додаде Владимир Путин.