Православната црква направи пародија на љубовната врска што го полуде светот: Мора да го видите ова! (видео)

Прашината не се смирила по скандалот на концертот на „Колдплеј“ во Бостон, а на интернет има сè повеќе снимки што се занимаваат со оваа приказна.

Да потсетиме, сè започна кога пејачот Крис Мартин ненамерно го „фати“ Енди Бајрон, извршен директор на компанијата „Астрономер“, во интимна прегратка со жена која не е негова сопруга – туку директорката за човечки ресурси, Кристин Кабот.

Аферата што го обиколи светот

Видеото го прикажува Бајрон како ја прегрнува Кристин. Сепак, во моментот кога сфаќаат дека се на големото платно, двајцата реагираат одеднаш, се кријат, а Кристин го покрива лицето со рацете.

Мартин, не знаејќи го идентитетот на двајцата луѓе, хумористично коментираше: „Погледнете ги овие двајца – или имаат афера или се многу срамежливи“.

Видеото брзо стана вирално, прво на TikTok, а потоа и на мрежата X, каде што корисниците коментираа за односот меѓу колегите, како и за потенцијалните последици за нивниот личен и професионален живот.

Светските медиуми обрнаа внимание на необичниот настан, а Бајрон и Каботова во меѓувреме поднесоа оставки од своите позиции.

Необичен момент во кујната

Во исто време, на мрежите се шират видеа кои се занимаваат со настанот од концертот на Колдплеј, а многу од нив се од хумористичен карактер.

Така, на платформата X, или поточно, на профилот на Јасни Сокол , беше објавено необично видео со порака: „Руската црква Свети Јован Крстител во Њу Џерси искрено ја ,,кине” оваа содржина“.

Во видеото гледаме маж и жена во кујната, како подготвуваат месо. Се слуша лесна музика, а потоа се појавува свештеник и изненадено вели: „Што е ова?!“.

„Ако постите во среда и петок…“

Збунетата двојка застанува, реагира идентично како Бајрон и Каботова, а потоа другиот маж вели: „Ако постите во среда и петок, тоа може да ве поправи“ (превод на англискиот израз „Fix you“ , како што се нарекува еден од хитовите на групата Coldplay).

На овој начин, се покажа дека дури и духовната објава може да добие свој вирален момент, а реакциите на гледачите беа позитивни.