Пратениците од Европскиот фронт поднесоа иницијатива за формирање Истражна комисија за трагедијата во Кочани

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево соопштија дека 16 пратеници на „Европскиот фронт“ поднеле иницијатива за формирање Истражна комисија за испитување на селективниот и пристрасен пристап на правосудниот систем во справувањето со трагедијата во Кочани.

Објаснуваат дека предлог за формирање на Истражен комитет може да дадат најмалку 20 пратеници.

„Собранието на Република Северна Македонија не може да поведе постапка бидејќи согласно член 76 став 3 од Уставот е утврдено дека предлог за формирање на истражен комитет можат да поднесат најмалку 20 пратеници“, нагласуваат од кабинетот на претседателот на Собранието.