„Прашав дали е сингл, другото е историја“: Мајкл Даглас откри детали за љубовта со Кетрин Зета Џонс

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс повеќе од две децении важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд.

Познатите актери Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се во брак од 2000 година, а и покрај разликата во годините, овој пар успеа да ги надмине сите проблеми.

Мајкл и Кетрин се запознале во 1998 година на фестивал во Франција, а самиот актер во една прилика за медиумите изјавил како била нивната прва средба.

Пред да дојде на фестивалот, тој го гледал филмот Зоро, во кој глуми Кетрин и веднаш побарал од својот асистент да дознае дали актерката тие денови ќе биде во градот.

Штотуку го видов, три недели пред да дојдам на фестивалот, овој филм Зоро, Боже мој! Веднаш ја прашав асистентката дали може да дознае дали Кетрин Зета Џонс ќе биде во градот, дали е сама и дали можеме да имаме пијалок Остатокот од историјата“, изјави познатиот актер.

Да потсетиме дека Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се во брак 24 години и заедно имаат две деца.