– Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа изјави дека САД ги поздравуваат разговорите во Брисел како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина со поддршка на Европската унија, одржани на 27 февруарии и силно го поддржуваат процесот на нормализација на односите меѓу двете страни.
Прајс посочи дека напредокот кон формирањето на Заедницата на српските општини е сè уште клучен за градење на иднината на Косово „како суверена, мултиетничка и независна земја интегрирана во евроатлантските структури“.
Тој оцени дека договорот за анексот за имплементација е суштински за нормализација во согласност со предлогот на ЕУ.
Прајс додаде дека средбата во Брисел била добар чекор напред, но дека останува уште многу напорна работа.