Првата дама на Сирија Асма ал Асад боледува од леукемија

Претседателството на Сирија денеска соопшти дека сириската прва дама Асма Ал Асад боледува од акутна миелоцитна леукемија.

Во соопштението се додава дека Асма ќе оди на терапија која бара изолација, поради што нема да учествува во редовни настани и активности, пренесува САНА.

Претседателството додаде дека првата дама ќе помине низ терапија „со волја, одлучност и верба во Бога“.

Ројтерс потсетува дека Асма пред речиси пет години објави дека целосно закрепнала од рак на дојка.