Според пишувањата на српските медиуми, Нусрет е фасциниран од српската пејачка, која ја запознал во неговиот ресторан.
На одмор во Истанбул, Ивана Николиќ го запознала познатиот турски готвач Нусрет Гокче, кој „фрлил око“ на неа.
Ивана за првпат за српски ,,Информер” проговори за нејзиното познанство со светската ѕвезда која готвеше за многу холивудски ѕвезди, а на Инстаграм го следат повеќе од 53 милиони луѓе.
– Случајно се запознавме. Размислував каде ќе одам на одмор по летната сезона и се одлучив за Истанбул бидејќи никогаш досега не сум го посетила. Хотелот во кој престојував е во зградата каде што Нусрет има еден од неговите ресторани, па можев често да јадам таму. И така случајно налетав на него – раскажува пејачката и додава дека е воодушевена од љубезноста на познатиот готвач:
– Се чини дека ми е судено да запознавам светски ѕвезди во ресторани. Прво Џони Деп, а сега Нусрет. Шега на страна, Нусрет беше многу фин, а најмногу ме импресионира неговата природност и колку е посветен на работата. Сигурно повторно ќе одам во Истанбул бидејќи тој град има енергија која многу ми се допаѓа.
Познатиот турски готвач Нусрет Гокче на Инстаграм го следат многу балкански познати личности, меѓу нив и Анастасија Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Душко Тошиќ, Никола Роквиќ, Тамара Крчуновиќ, Петар Стругар… Нусрет е, инаку, еден од ретките готвачи во светот кој подготвуваше оброци за Ријана, Бијонсе, Леонардо ди Каприо, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо…