Првата реакција на канцеларијата на Нетанјаху откако Хамас се согласи со планот на Трамп: „Израел е подготвен“

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи откако Хамас се согласи со предлогот на Трамп за прекин на војната во Газа.

Во соопштение за медиумите, Канцеларијата изјави дека се подготвени да соработуваат со Трамп кога станува збор за сите фази од прекинот на огнот.

„Израел е подготвен веднаш да ја спроведе првата фаза од планот на Трамп за итно ослободување на сите заложници“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

Тие изјавија дека принципите на Израел одговараат на визијата на Трамп.

„Ќе продолжиме да работиме во целосна соработка со претседателот и неговиот тим за да ја завршиме војната во согласност со принципите утврдени од Израел, кои одговараат на визијата на Трамп за завршување на војната“, рекоа тие.

Во соопштението не се споменува повикот на Трамп до Израел веднаш да ги прекине нападите врз Газа, што американскиот претседател го оцени како неопходно за да се обезбеди безбедно и брзо ослободување на заложниците.