Холивудскиот актер Џек Николсон ги помина празниците во пријатно друштво со семејството. Следбениците беа воодушевени од фотографијата која на Инстаграм ја објави неговата ќерка Лорен.
На фотографијата Лорен го прегрнува својот татко додека позираат пред камерата. Тој беше облечен во шарена кошула, а Лорен црн фустан.
Освен со него, таа објави и фотографии со помалиот брат Рејмонд и други членови на семејството.
Не им требаше многу време на обожавателите да ја преплават објавата со коментари.
„Ти благодариме што ја сподели фотографијата на татко ти со нас“, „Кажи му на тато да се врати пред камерите“ , „Татко ти изгледа одлично“, „Поздрави го татко ти. Тој е најдобриот од најдобрите“, „Мило ми е што го видов Џек”, се дел од коментарите на Инстаграм.
Инаку, 87-годишниот актер во последните години немавме можност да го видиме јавно. Последните камери го фатија на кошаркарски натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис во април 2023 година, пишува Remind Magazine.
Николсон зад себе има бројни улоги од кои едни од најпознатите беа во филмовите „The Shining“, „One Flew Over the Cuckoo’s Nest“, „Batman“ и многу други.
Последен пат глумеше во 2010 година во романтичната комедија „Како знаеш“ со колегите Рис Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон.
Николсон е веројатно најпознатиот холивудски ерген, иако беше во брак четири години пред да стане славен, а најпознатата романса му беше со актерката Ањелика Хјустон, пред повеќе од 25 години.
Инаку, во последните неколку години на големо се шпекулира за нарушеното здравје на холивудската легенда, па дури се шпекулираше дека боледува од деменција. Дури и неговите најблиски пријатели се загрижени, пред сè затоа што „повеќе не излегува од дома“ и стравуваат дека ќе умре сам и напуштен.
Џек Николсон го поминува поголемиот дел од своето време во својата луксузна куќа во Беверли Хилс, но живее многу затскриен живот и контактира само со своите деца.
,,Тој им стави до знаење на сите дека неговиот дом е неговиот замок. Но, луѓето само сакаат тој да излезе од куќата и да се појави за да им каже дека е добро”, изјави извор за Радар онлајн пред две години.
„Џек е во контакт со неколку членови на семејството, особено со неговиот син Реј, но неговите денови на дружење одамна поминаа“, додаде друг извор за истиот магазин.