Прва помош при болки во грлото! Вирусна инфекција обично поминува во рок од неколку дена

Болката во грлото е многу честа појава во овој период од годината, а експертите велат дека на секое болно грло не му требаат антибиотици веднаш.

Ако чувствувате дека грлото ви се чеша , заедно со топлите напитоци, ублажете ја непријатноста со плакнење и гаргарање со солена вода, јаболков оцет или куркума.

Солена вода

Сварете два децилитри вода, додадете една лажичка сол ( најдобро за грлото е морската сол) и оставете да се излади целосно. После тоа, испијте една голтка од оваа течност и гаргајте додека не ја потрошите целата количина. Кога ќе завршите со плакнење, исплукајте ја течноста. Постапката повторете ја два до три пати на ден.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет е добар природен лек за болки во грлото. При првите симптоми на воспалено грло поради настинка, исплакнете го грлото со неразреден јаболков оцет. Доколку има потреба од подолга употреба, разредете го со вода во сооднос 1:5. По испирање, исплукајте ја целата течност.

Чај од листови од малина

Една голема лажица сушени листови малина прелијте ја со чаша врела вода. По десет минути процедете и гаргајте со овој чај, но само кога ќе се олади. Доколку болката во грлото е придружена со треска, чајот од листовите од малина ќе ви биде корисен доколку го пиете.

Куркума

Во два децилитри млака вода додадете половина лажичка куркума и малку сол. Гаргара со овој раствор помеѓу два и три пати на ден.