Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека, во случај на вистинска провокација на Денот на победата од Украина, „никој не може да гарантира дека Киев ќе го доживее 10 мај“.
Медведев ја оцени изјавата на Зеленски дека го отфрла предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневно примирје и дека „не може да ја гарантира безбедноста“ на светските лидери кои ќе присуствуваат на парадата во Москва, како ,,вербална провокација и ништо повеќе“.
Во објава на својот Телеграм канал, тој изјави: „Зелениот небричен кретен рече дека го отфрла предлогот на Путин за тридневно примирје на 9 мај и дека не може да ја обезбеди безбедноста на светските лидери во Москва. А кој бара негови гаранции? Само вербална провокација. Ништо повеќе. Гњида разбира дека во случај на вистинска провокација на Денот на победата, никој не може да гарантира дека 10 мај ќе осамне во Киев“.
Да потсетиме дека претходно денес, Зеленски го отфрли предложеното тридневно примирје и изјави дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.
Путин претходно предложи прекин на огнот по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, кој би траел од полноќ на 7-8 мај до полноќ на 10-11 мај.