Верица Шерифовиќ е исклучително среќна откако нејзината ќерка Марија Шерифовиќ стана мајка.
Пејачката Марија Шерифовиќ копнееше по нов член во семејството, а успеа да си ја оствари желбата со помош на сурогат мајка.
Откако Марио се приклучи на семејството Шерифовиќ, тој стана самиот центар на нивниот свет. Меѓу другото, јавноста имаше можност да види кога екипата на „Папарацо лов“ успеа да „фати“ позната баба и дадилка на една од нивните прошетки со Марио. Верица не го тргаше погледот од момчето.
Тие поминаа еден убав ден шетајќи по белградските улици во населбата Белград на вода, каде се претпоставува дека Марија има стан.
Но, таа не била со нив, најверојатно поради деловни обврски.
Да потсетиме, Марија го роди синот Марио со помош на сурогат мајка во декември 2023 година. Нејзиниот наследник е роден во Лос Анџелес, а штом „доби зелено светло“ за патување – таа, бебето и Верица се вратија во Белград.