Прва снимка од нападот на рускиот аеродром: Одекнуваат експлозии, пожар ја зафати зградата (видео)

Украинските сили го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, во Ростовската област, со шест балистички ракети ATACMS, соопшти руското Министерство за одбрана.

А во соопштението се додава дека сите ракети се соборени.

„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје на воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област” се вели во соопштението.

По нападот на социјалните мрежи почнаа да кружат наводни видеа од аеродромот.

Во соопштението се додава дека има жртви меѓу персоналот.

Москва нагласи дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени неопходните мерки.

Украина сè уште не го коментираше овој напад.