Прва трансплатација на материца во Британија: Жена ѝ го донирала органот на својата сестра за да стане мајка, операцијата траела 9 часа (фото)

Хирурзите во Велика Британија успешно изведоа тешка и напорна операција за трансплантација на матка. Ова е уште еден неверојатен и успешен чекор во медицината кој обезбеди уште една опција за жените кои се борат со неплодност.

Неименуваната жена (34) е пресреќна по деветчасовната операција и нејзиниот план е да има две деца со помош на ин витро оплодување, пишува „Гардијан“.

Жената боледува од редок синдром, неразвиена матка. Нејзин донатор е нејзината постара сестра (40) која има две деца.

Изабел Квирога, хирург во Центарот за трансплантација во Оксфорд, во случајот во Британиха, вели дека сите се воодушевени од резултатот.

– Пациентката е многу среќна. Нејзината матка и јајниците функционираат совршено и детално ја следиме ситуацијата – изјави Изабел.

Во светот се направени над 90 трансплантации на матка – во Шведска, Америка, Турција, Кина, Чешка, Бразил, Германија, Србија и Индија, а во најголем број случаи трансплантацијата на матка била од живи дарители.