Откако Доналд Трамп положи заклетва како нов претседател на САД, неговата сопруга Меланија Трамп отвори нов профил на Инстаграм.
Првата дама на Америка отвори официјален профил со името @flotus, што значи Прва дама на САД.
Меланија веќе имаше ваков профил за време на првиот мандат на Трамп, под името @flotus45.
Иако некои очекуваа Меланија да продолжи да го користи тој профил, тоа не се случи. Тој профил сè уште останува „архивиран“, како и профилот на Џил Бајден, кој од денес е неактивен.
Инаку, двојката Трамп
се пресели во Белата куќа во понеделникот вечерта. Повеќе од 2,5 милиони луѓе ја следат Меланија на нејзиниот приватен профил, што е многу помалку отколку на официјалниот профил.