Генералот Марк Мили во петокот ја напушти функцијата началник на Здружениот Генералштаб на американските сили по мандатот обележан со бројни кризи во странство, како и во САД.
Него ќе го замени Чарлс Браун, актуелниот прв човек на воздухопловните сили. По Колин Пауел во 1990-тите, тој ќе биде вториот Афроамериканец кој ќе ја заземе челната позиција на најмоќната Армија во светот.
Откако ја презеде функцијата во октомври 2019 година, поминуваше од криза по криза, нон-стоп, изјави тој неодамна за медиумската агенција APF.
Заедно со министерот Лојд Остин, Марк Мили организираше американска воена помош за Украина по руската инвазија.
Неговиот мандат беше обележан и со американскиот дебакл во Кабул, кога во август 2021 година талибанците ја вратија контролата врз Авганистан и неговиот главен град на крајот на дваесетгодишната војна што дури и самиот Марк Мили ја опиша како „стратешки неуспех“.
Генералот Марк Мили, исто така, изрази жалење што беше присутен кај Доналд Трамп кога претседателот ги растера демонстрациите на „Black Lives Matter“ пред Белата куќа.
Неговиот наследник Чарлс Браун е искусен пилот со 3.000 часа лет, од кои 130 биле борбени часови. Тој беше командант на американските воздушни сили на Блискиот Исток и Пацификот.