Првиот човек на американската војска пристигна во Израел: Се забрзува ли акцијата за подготовка на напад врз Иран?!

Началникот на Здружениот Генералштаб на американската армија, Марк Мили, денеска престојува во ненадејна посета на Израел, каде ќе оствари серија средби со израелски претставници за иранската нуклеарна програма по веста дека оваа земја наскоро ќе ја развие својата првата нуклеарна бомба.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, исто така, треба да допатува во дводневна посета на Израел во среда следната недела за да разговара за иранската нуклеарна ситуација со израелскиот премиер Нетанјаху и началникот на Генералштабот на израелската армија.

Состаноците доаѓаат откако советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, директорот на ЦИА, Бил Барнс и државниот секретар Ентони Блинкен, исто така, го посетија Израел во последните недели за да разговараат за иранската закана со израелските власти.

Израелските власти велат дека фокусот на посетата ќе биде заедничката борба против Иран.

Инаку, оваа посета доаѓа во време на растечки тензии меѓу Вашингтон и Ерусалим со одлуката за продолжување на изградбата на еврејските населби и изјавата на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич дека палестинскиот град Хавара на Западниот Брег мора да биде избришан според израелските власти.

Исто така, проблем во односите меѓу Израел и САД создава реформата на судството, поради што продолжуваат антивладините протести во Израел.