„Доколку Велика Британија навистина испорача муниција со осиромашен ураниум во Киев, тоа би било голем чекор кон сериозна ескалација на конфликтот“, предупреди денеска првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров, додека од Министерството за надворешни работи на Русија велат дека Москва нема да го остави Лондон без одговор.
„Ова е чекор напред кон понатамошна ескалација на конфликтот, сепак многу сериозен“, посочи Лавров, а потоа додаде: „Сите се сеќаваат на што доведе употребата на осиромашен ураниум во Југославија и Ирак, кога десетици илјади цивили и војници загинаа. Имаше ненадеен пораст на онколошки и други опасни болести, почвата беше контаминирана со децении…“.
Изјавата, да потсетиме, уследи по вчерашната најава дека Велика Британија ќе испрати муниција со радиоактивен елемент во Украина, што го најави британската заменик министерка за одбрана Анабел Голди за време на посетата на кинескиот претседател, Си Џинпинг, на Москва.