Првиот човек на Хамас пристигна во Иран – дали во Техеран ќе се крои судбината на Појасот Газа и Палестинците !?

Иранскиот ајатолах Хамнеи го прими првиот човек на исламистичката терористичка организација Хамас, Исмаил Ханије, а ова беше потврдено на официјалниот профил на ајатолахот на социјалната мрежа Х (Твитер).

Не се соопштува за што разговарале, но веќе е познато дека официјален Техеран отворено го поддржува Хамас и го финансира и опремува со оружје.

Да потсетиме, Хамас пред четири недели го изврши најтешкиот терористички напад во историјата на Израел, при што милитантите на Хамас убија повеќе од 1.400 луѓе, од кои повеќето цивили. 

војнаИзраелИранПалестинаПојас ГазаХамас