Јокиќ и неговиот брат го започнаа традиционалниот спуст по реката Тара.
Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ по престојот во Италија каде присуствуваше на коњски трки деновиве е во Босна и Херцеговина каде традиционално секоја година оди на рафтинг.
Актуелниот МВП на НБА финалето уште еднаш покажа колку е обичен и колку е за разлика од другите суперѕвезди. Така, во четвртокот бил виден во продавница во Горажде , каде продавачката Дина не го препознала.
Потоа беше објавена и фотографија на Никола Јокиќ од рафтинг од кампот на ДМД на Тара.
На фотографиите се гледа како Никола позира со опрема за рафтинг, а таму е и неговиот брат Немања.
Да потсетиме, Никола често одморот го поминува со семејството, но и со коњите кои се негова страст. Покрај тоа, оди и на рафтинг кога може.