Украински беспилотни летала ја погодија Москва рано утринава , едно лице е рането, а зградите се оштетени, а летовите на аеродромот Внуково се прекинати, објави новинската агенција ТАСС повикувајќи се на официјални извори.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздух над областа Одинцово, а уште две се урнале во Москва, пренесува ТАСС.
Едно лице е повредено во експлозијата во зградата, соопшти агенцијата ТАСС, повикувајќи се на итната помош.
Како што додаваат, аеродромот е затворен за пристигнувања и полетувања.
Градоначалникот Сергеј Собјанин претходно изјави дека фасадата на две деловни згради е оштетена, но дека нема жртви, пренесува ТАСС.
Украинската влада не одговори веднаш на барањето за коментар.
Русија во понеделникот соопшти дека жестоко ќе возврати на Украина откако два беспилотни летала оштетија згради во Москва, со еден напад во близина на зграда каде војската одржува брифинзи за, како што Русија ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина.
Украинскиот вицепремиер Михаило Федоров тогаш изјави дека ќе има нови напади со беспилотни летала.