Први видеа од војниците на Ким во воена акција во Курскиот регион! Преполни над расчистениот простор, Украинците гледаат и не веруваат, Русите имаат нови планови (ВИДЕО)

За првпат, Русија почна да ги користи севернокорејските војници во значителен број за да изврши напади врз украинските сили кои се борат да ја задржат територијата заземена во руската област Курск.

Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека тоа го соопштил украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно редовно дневно обраќање.

– Денеска веќе собравме прелиминарни податоци дека Русите почнале да користат севернокорејски војници во нивните напади. Тие имаат значителен број од нив – рече Зеленски.

Тој рече дека „севернокорејските војници се користат во комбинираните руски единици и засега само на Курскиот фронт“.

– Имаме информации кои укажуваат дека нивната употреба би можела да се прошири и на други делови од фронтот – изјави Зеленски.

Гардијан наведува дека војниците од земјата со која управува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се уште не влегле во борби на украинска територија, но дека веќе претрпеле „значителни“ загуби.