Мошне тензична ситуација моментално се одвива во Хамбург, каде е евакуирано училиште по дојава дека во зградата има вооружени лица.
Според неофицијални информации, двајца ученици дошле во училиштето вооружени и и’ се заканувале на наставничката со пиштол.
По добиените пријави за инцидентот, специјалните полициски единици, опремени со автоматски пушки, брзо реагираа и ја опколија училишната зграда за да спречат понатамошна ескалација на ситуацијата. Полициски службеници во моментов се внатре во училиштето и интензивно трагаат по двајцата осомничени сторители, кои биле видени во училишната зграда.
Заради безбедност на сите присутни, учениците се евакуираат од училиштето. Оваа брза и одговорна реакција на надлежните има за цел да ги заштити животите и безбедноста на сите присутни на теренот на училиштето.