Први видеа од железничката несреќа во Русија! Воз излета од шините, има повредени (ФОТО/ВИДЕО)

Според последните информации пет лица се во критична состојба, а лекарите се борат за живот по тешката железничка несреќа што се случи на северот на Русија во Република Коми.

Како што јави NEXTA, екипите на итната помош на лице место полесно можеле да им помогнат на повредените. Најчесто се работи за исеченици и модринки.

Од местото на настанот пристигнаа првите фотографии на кои се гледаат некои од повредените девојки со завои на главите. Повредени се вкупно 70 од 232 патници.

Потсетуваме, претходно вечерва руските медиуми објавија дека патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Растојанието меѓу овие два града е околу 5.000 километри.

Од засега непознати причини возот излетал од шините, а неколку вагони се превртеле од страната на пругата. Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.

„Итната помош се на терен. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е прекинат“, соопштија надлежните.

Руските медиуми објавија и дека обвинителството покренало истрага за причините за инцидентот. Олег Белозеров, генералниот директор на Руските железници, потврди дека е формиран специјален тим за истрага на несреќата. На местото на несреќата се испратени две екипи за да ги вратат вагоните на шините.

На местото на несреќата излегол Владимир Ујба, првиот човек на Република Коми.