Први видеа од земјотресот во Грција! Сè се тресеше, зградите се оштетени, луѓето се во паника, издадено е предупредување за цунами! (ВИДЕО)

Според локалните медиуми, жителите скокнале од креветите, а сведоците известувале дека сеизмичкиот потрес бил проследен со силен татнеж, додека многумина ги напуштиле своите домови за да се заштитат.

Пристигнаа првите снимки од земјотресот. На една од нив можете да видите како автомобилите и каблите на улицата се тресат, додека се слуша и татнеж.

Во супермаркетите, производите паѓаа од полиците, предизвикувајќи штета, пишува Прототема.

Вреди да се напомене дека по земјотресот со магнитуда од 6,1 степени, во областа беа регистрирани уште девет последователни потреси, при што најмалиот беше со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, а најголемиот со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Во меѓувреме, противпожарните служби на Крит се во општа готовност. Противпожарните возила веќе патролираат за да ја контролираат ситуацијата.

Според информациите, како резултат на земјотресот на покраинската патна мрежа се регистрирани мали свлечишта, а мало паѓање на градежни делови е забележано и на улицата „25-ти август“ во Хераклион. Службите и на регионот Крит и на општината се во состојба на зголемена готовност.

Дел од зграда се урна во Ираклион на улицата „25-ти август“. Припадници на општинската полиција веднаш излегле на местото на настанот и го блокирале подрачјето, додека се истражуваат и другите области.

Од самиот почеток, општините Хераклион и Ласити дадоа упатства за спроведување инспекции во училиштата, и досега не се откриени никакви проблеми.

Издадено е предупредување за цунами

„Индипендент“ пишува дека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар издаде предупредување за цунами по земјотресот и ги повика жителите на Грција, Турција, Италија, Франција и Португалија да ги следат известувањата на локалните власти.