Најмалку пет лица се повредени во пукање во училиште во шведскиот град Оребро, јавуваат медиумите.
Во училиштето е во тек голема полициска акција. Според неофицијални информации имало пукање од автоматско оружје.
Проценката на полицијата е дека има црвен аларм и дека ситуацијата не е под контрола.
На социјалните мрежи почнаа да кружат наводни фотографии од местото на несреќата, на кои се гледа како луѓето лежат на подот од училницата.
Пред училиштето има голем број полицајци.
Според првичните информации, медиумите објавија дека меѓу ранетите има и полицајци, но полицијата ја демантираше оваа информација.
Учениците по пукањето се заклучиле во училниците.
Полицијата ги повика сите да избегнуваат области каде има полиција.