Засега нема информации за потенцијални жртви или материјална штета.
Силен земјотрес од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан , а тресењето на земјата се почувствува и во соседен Пакистан, како и во Индија.
На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од овој силен земјотрес, а на видеата се гледа како се тресат згради и мебел во куќите.
Авганистанците, како што се гледа во телевизиските извештаи, излегле од своите куќи по силниот земјотрес за да најдат безбедно засолниште во случај на колапс.
Земјотресот се случи во регионот Хинду Куш, а беше почувствуван низ цел Пакистан, во Таџикистан, како и во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Земјотресот се случил на длабочина од 184 километри, а магнитудата е 6,5 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за потенцијални жртви или материјална штета.