Мал авион, во кој, според првичните информации, се наоѓале пилот и неговата шестгодишна ќерка, се урнал вчера на поле во близина на Бон, Германија.
Девојчето (6) е извлечено од запалените остатоци и со тешки повреди пренесено во болница, додека нејзиниот татко (51) не можел да се спаси.
Според пишувањата на медиумите, починатиот маж бил од Келн. Со детето вчера попладне полетал од аеродромот Хангелар. Авионот се урнал непосредно по полетувањето, а според очевидци, леталото се запалило по падот.
На фотографиите се гледа дека пожарот целосно ја уништил кабината. За време на спасувачката акција беше повреден и човекот кој прв притрча да помогне и исто така беше хоспитализиран.
На местото на несреќата брзо пристигнале бројни противпожарни екипи, три спасувачки хеликоптери и повеќе екипи на брзата помош.