Попладнево околу 14 часот дошло до пукање во познат белградски ресторан лоциран на Автокоманда. Во таа прилика е ранет 26-годишен млад човек, кој веднаш бил префрлен во Ургентниот центар.
Според неофицијални информации, на пукањето и нападот му претходела расправија во ресторан.
Како што пренесуваат белградските медиуми, напаѓачот е во бегство, а наводно се упатил кон стадионот „Рајко Митиќ“. Веднаш по пукањето, полицијата ја започнала акцијата „Вител“ со цел да го фати напаѓачот, но засега тоа не се случило.
Како што може да се види од местото на настанот, на местото на престрелката се поставени полициски ленти. Полициски сили биле распоредени околу местото на престрелката.
Пукањето се случило во ресторан, младиот човек е ранет во рацете и стомакот а според неофицијални информации напаѓачот има 39 години.
Како што пишуваат српските медиуми, момчињата претходната вечер „лумпувале“ и дошле во ресторанот, а ранетиот млад човек наводно го удрил напаѓачот, кој потоа пукал во него.
Напаѓачот потоа излегол надвор, ја облекол фантомката, влегол внатре и го застрелал младиот човек.
Ранетиот млад човек е полицаец кој моментално бил на боледување, а некои медиуми јавуваат дека се работи за суспендиран полицаец.