Младенците и 170 гости пристигнаа од провинцијата Фиренца, по церемонијата што се одржа во попладневните часови.
Најмалку 35 лица се повредени, од кои шест потешко, кога минатиот викенд се урна подот на ресторан во поранешен манастир во италијанскиот град Пистоја за време на свадба.
Меѓу повредените се и невестата и младоженецот, кои првата брачна ноќ ја поминале во болница.
Во саботата вечерта се урнал подот во холот на првиот кат на поранешниот манастир, кој неколку години се користи како ресторан.
Неколку дена по трагедијата, во медиумите се појави видео на кое се гледа моментот кога се урна подот.
На гореспоменатото видео може да се забележат луѓе како танцуваат и се забавуваат со музиката, додека во еден момент подот под нив не се урнал.
Некои гости веќе ја напуштија забавата, но околу 60 луѓе, главно млади луѓе, сè уште беа во ресторанот. Тие си играле кога подот ненадејно се урнал, поради што група луѓе паднале на приземје.
Младенците и 170 гости пристигнаа од провинцијата Фиренца, по церемонијата која се одржа во попладневните часови. Додека танцувале, околу 20 часот ненадејно во подот се отворила провалија со дијаметар од 3 метри.
Оние кои биле таму паднале од четири метри – шест лица се во тешка состојба.
Сведоците опишаа кошмарни сцени по паѓањето низ подот меѓу урнатините и остатоците. Врисоци и очај се слушаа меѓу гостите, од кои многумина беа во шок.
Еден од келнерите кои служеле на свадбата изјавил дека попладнето почувствувале како се тресе подот.