Арина Сабаленка доживеала страшен удар, бидејќи нејзиното момче Константин Колцов се самоубило, скокајќи од балконот на хотелот во кој престојувал во Мајами, јавува Телеграф.
Белоруската тенисерка по оваа трагедија не се огласи на социјалните мрежи, многумина се прашуваа што ќе прави после сè и дали ќе се повлече од турнирот, но таа реши да игра и ги изненади многумина.
Уште еднаш „тигарот“ од Белорусија, како што ја нарекуваат двократната последователна шампионка на Австралија опен, покажа колку е психички силна, дека и во оваа ситуација решила да остане на турнирот.
Сега се појави и првата снимка на Белорусинката која тренира и се подготвува за стартот на турнирот на кој е втора носителка.
Многумина ја осудуваат што сепак одлучила да игра и се однесува како ништо да не се случило и изгубила важна личност во животот, додека други сметаат дека тенисот и’ е поважен сега од кога и да било и дека веројатно е излез од оваа тешка ситуација.
Сабаленка и Колцов се во врска од 2021 година, откако во 2020 година се разведе од поранешната сопруга Јулија, со која имаше три деца.