– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави дека по гласањето за новата влада ќе се посвети, меѓудругото, и на прашањето за измени на Законот за локална самоуправа бидејќи неколкумина градоначалници ќе станат министри во неговата влада. Мицкоски рече дека подобро е тоа да се реши на елегантен начин отколку да се трошат милиони народни пари.
-Што се однесува до измените на Законот за локална самоуправа, јас чекам напрвин да пооимине изборот на новата Влада, понатаму можеме да ги слушнеме и мислењата на експертите. слушнавте дека има експерти кои велат дека овој закон бил спротивен на Уставот. Јас велам дека би сакал да ги слушнам нивните мислења, тие мислења да ги вклучиме во овпој закон, да не постои сомнеж во јавноста дека овој закон би можело да биде противуставен и веднаш кога ќе се создадат условите тој да се најде во собраниска процедура, рече Мицкоски.
Мандатарот вели дека тој не би сакал да се трошат парите на граѓаните на дополнителни избори.
– И можеби е во наш интерес да има избори и да ја потврдиме уште еднаш и да докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата политичка сила во Македонија. Но, зошто да трошиме милиони народни праи кога можеме тоа да го решиме на елегантен начин, рече Мицкоски, кој беше во Тетово.