Хавиер Мендез , тренерот на поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов , призна дека неодамна го излажал Новак Ѓоковиќ .
Мексиканскиот стручњак на социјалните мрежи објави дека измислил многу работи за време на разговорот со најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ . Сè се случи во Обединетите Арапски Емирати пред два дена.
Разговорот е воден во Дубаи, каде Новак Ѓоковиќ моментално одржува претсезонски тренинг. Ноле го посети Хабиб и разговараше со својот тренер .
Самиот Мендез признава дека сакал да го импресионира Ѓоковиќ, па донекаде ги преувеличил своите заслуги.
– Зборувам за тоа колку шампиони на УФЦ тренирав и всушност излажав. Немам тренирано 20 шампиони на УФЦ. Но, Новак ме слушаше толку внимателно, па се обидов да го импресионирам. Тренерите понекогаш лажат – напиша Мендез на својот Инстаграм профил.