Животот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони , кој почина пред една недела, го одбележаа скандали и секс афери. Имал многу љубовници, а се женел двапати.
Која е втората сопруга на Силвио Берлускони?
Таа е 20 години помладата актерка Вероника Ларио (66) која ја запознал во театар во Милано, а нивната романса започнала во раните 80-ти додека тој сè уште бил во брак со својата прва сопруга. Наводно, аферата со фаталната Вероника му пресудила на неговиот прв брак, а контроверзниот политичар се оженил со својата љубовница во 1990 година.
Имаа три деца – Барбара, Елеонора и Луиџи, а се разведоа во 2009 година, кога беше откриена неговата врска со тинејџерката Ноеми Летиција. Вероника тогаш изјавила дека нејзиниот сопруг е болен човек кој трча по деца.
Тие официјално се разведоа дури во 2014 година, а разводот и донесе рекордна алиментација од 1,4 милиони евра месечно . Вероники често била критикувана дека претерува со естетските корекции, но никогаш не обрнувала внимание на тие коментари.