Граничен премин меѓу Турција и Ерменија е отворен за првпат по 35 години за да им се овозможи помош на жртвите на земјотресот, извести специјалниот претставник на Турција за Ерменија Сердар Килиџ.
Килиџ на Твитер објави фотографии од камионите кои денес минале низ контролниот пункт Аликан на турската страна на реката Арас која ги раздвојува двете земји.