Превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (24.08.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција, спроведе превентивно едукативна кампања за превенција од пожари. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на ПО Петровец. Основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активноста беше посочено граѓаните да не палат стрништа, да не фрлаат отпушоци и да бидат максимално внимателни кога се движат во шума, за сите да придонесеме за безбедноста и да се спречи настанувањето на пожари. При тоа, на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.