Политико привлекува внимание на тоа како Унгарија зазеде антизападен став и не попушта пред повиците за укинување на се што е руско.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече Украина „ничија земја“ и го повика Киев да се предаде.
– Владимир Путин нема да загуби, а времето е на страната на Русија – изјави тој за Политико, а пренесува „Раша тудеј“.
Тој додаде дека Украина е повеќе како Авганистан и се претвори во „неконтролирана руина“ .
Политико привлекува внимание на тоа како Унгарија зазеде антизападен став и не попушта пред повиците за укинување на се што е руско. Во Будимпешта на улиците се поставени билборди против санкциите, а во Државната опера е поставена „Војна и мир“ од Сергеј Прокофјев.
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја коментираше изјавата на американскиот амбасадор Дејвид Пресман , кој ја критикуваше позицијата на Будимпешта за антируските санкции, порачувајќи му да не се меша во внатрешните работи на земјата.
Сијарто истакна дека мислењето на претставникот на Соединетите Американски Држави е „целосно неважно“ , бидејќи Пресман „нема никаква врска “ со внатрешните политички процеси во Унгарија, а мешањето во нив „не е негова работа“ .
– Кога примаме амбасадори, тоа го сфаќаме буквално: примаме амбасадори. Сметаме дека тоа се луѓе кои беа испратени овде за да ги подобрат и развиваат односите меѓу двете земји, врз основа на меѓусебно почитување – потенцира министерот во изјава за ТВ АТВ.
Според него, „ерата на гувернери и регенти“ испратени да им кажат на државите како да живеат е завршена.
– Никој однадвор не може да ни каже како да живееме и затоа е неважно што мисли граѓанин на друга земја, вклучително и амбасадор, за внатрешно-политичките процеси во Унгарија – рече Сијарто.
Тој додаде дека активностите на унгарската Влада се водат исклучиво од националните интереси.