Годината зад нас беше обележана со војни. На војната во Украина не и се гледа крај, конфликтот меѓу Хамас и Израел се разгоре, Азербејџан и Ерменија влегоа во војна, a во Африка гледаме се повеќе владини превирања…
А според предвидувањата на Баба Ванѓа, ниту новата 2024 година нема да биде претерано мирна.
Оваа слепа пророчица од Македонија го изгубила видот кога имала 12 години и тврдела дека Бог и дал дар на видовитост.
Нејзините предвидувања одат до 5.079. години. Таа наводно успешно го предвидела нападот на кулите близначки во Њујорк на 11. септември и „Брегзит“. Таа почина во 1996 година, но нејзините пророштва сè уште ја интригираат јавноста.
Еве што предвидела Ванѓа за 2024 година!
УБИСТВО НА ВЛАДИМИР ПУТИН
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе биде убиен од негов сонародник во 2024 година, предвидува Ванѓа.
Од почетокот на војната се шпекулира за лошата здравствена состојба и болест на Владимир Путин, Украинците постојано тврдеа дека тој нема да живее долго, а слепата пророчица ја гледа неговата смрт во 2024 година.
ТЕРОР ВО ЕВРОПА
Ванѓа предвидува дека Европа следната година ќе ја зафати бран тероризам, но и дека некоја „голема земја“ ќе изврши тестови или напади со биолошко оружје во текот на 2024 година.
Таа не прецизирала која земја, но многумина веруваат дека се мисли на Кина, Русија или САД.
КЛИМАТСКИ КАТАСТРОФИ
Во 2024 година ќе има огромен број природни катастрофи, предвидува Ванѓа, додавајќи дека тоа може да доведе до зголемување на радијацијата. Во своите пророштва таа ги спомнува и промените во орбитата.
ЕКОНОМСКА КРИЗА
Новата година ни носи нова голема економска криза во светот, според предвидувањата на оваа слепа пророчица, која во своите визии го видела и центарот на моќ кој се движи од запад кон исток.
НАПРЕДОК НА МЕДИЦИНАТА
За 2024 година, таа предвидува и напредок во светот на медицината и технолошка револуција. Според британските медиуми, многумина толкувале како тоа се поврзува со напредокот на вештачката интелигенција. Стравуваат од долгорочни последици.
Слепата пророчица најавила и дека комунизмот повторно ќе го „освои“ светот во 2076 година, а во 2304 година ќе можеме да патуваме низ времето.