ПРЕДИЗВИКА РАСПРАВИЈА- Млада мајка му го дала името на синот по нејзиното мртво куче: Сигурна сум дека имаат иста душа (ВИДЕО)

Изборот на име за дете е секогаш предизвикувачка, но и забавна задача што се става пред родителите додека чекаат нов член во семејството.

Сепак, една млада мајка на TikTok по име Амбир откри дека не размислувала двапати кога избирала име за нејзиниот син Хенри Мајлс.

Иако на почетокот неговото име звучи сосема нормално, она што предизвика жестока дебата на социјалните мрежи е фактот што мама Амбир го именуваше својот син по куче кое умре непосредно пред раѓањето на нејзиниот син.

@ambyrs_

Lost our first baby🐶 2 days before we had our last baby👶🏼 – pretty sure they have the same soul🤍 #imcrying #imisshim #dogmom #babies #babiesanddogs #freefall #CapCut

♬ It’s Called: Freefall (Sped Up) – Rainbow Kitten Surprise

„Кучето го изгубивме само два дена пред да се роди, го добија неговото име. Сигурна сум дека имаат иста душа“, напиша таа во описот на видеото кое за кратко време беше прегледано повеќе од два милиони пати и предизвика поделени мислења меѓу луѓето. И додека некои тврдеа дека им се допаѓа идејата, на други не им се допадна .