Според информациите од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова по вчерашните консултации со тројцата кандидати кои се во игра за оваа функција, актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, Зоран Ставревски и Трајко Славески, во наредниве денови ќе биде донесена одлуката кој ќе биде предложен до Собранието.
Дополнителните консултации се прават за да се донесе најдоброто решение за оваа исклучително важна функција.
Првично, за денеска се најави дека ќе има предлог.
Мандатот на актуелната Гувернерка истекува утре, 20.05.2025, но нема законски пречки да ја извршува дејноста се до избор на нов или нејзин реизбор.
Изборот на Гувернер се врши во Собранието и е потребно да гласаат 61 пратеник.