Минситерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска очекува Предлог решението за законот за плати во јавниот сектор да биде изготвено до крајот на годинава.
-Го донесовме Општиот колективен договор, го потпишавме заедно со Сојузот на синдикати на Македонија врз основа на методологијата која што е вклучена во овој Општ колективен договор секако Законот за плати во јавниот сектор е надлежност на МИОА. Пред некој ден разговарав со министерот за информатичко општество и во наредниот период ќе седне работната група ќе ја вгради методологијата и останатите одредби и ќе работи на законот за плати во јавниот сектор. Верувам дека до крајот на годината ќе имаме предлог-решение кое што ќе биде достапно на самата јавност, рече Тренчевска на новинарско прашање по пуштањето во употреба на нова градинка во Општина Пробиштип.
Преку Законот за плати во јавниот сектор се очекува да се дефинираат платите на вработените во јавниот сектор и да се утврдат правилата по кои во иднина тие ќе се уредуваат преку утврдена методологијата за системско решавање на динамиката на раст.