ПРЕДНОВОГОДИШНО “ИЗНЕНАДУВАЊЕ“ ОД ВЛАДИМИР ПУТИН ЗА НАТО !? Русија премести дел од тактичкото нуклеарно оружје во “срцето“ на Источна Европа ?

Претседателот на Русија, Владимир Путин, премести дел од руското тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потврди дека испораката на тактичко нуклеарно оружје од Русија е завршена, пишува AP News.

Александар Лукашенко претходно изјави дека трансферот на нуклеарно оружје од Русија во Белорусија е поврзан со напорите да се „одбранат“ од заканите од Полска, земја-членка на НАТО.

Потврдата дека нуклеарното оружје е преместено доаѓа неколку месеци откако Русија ги објави плановите за стационирање на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, земја-сојузник на Владимир Путин и Москва. Во мај, Александар Лукашенко потврди дека некои нуклеарни оружја веќе се испраќаат во Белорусија, што предизвика загриженост во САД и другите западни земји.

Во јуни, Владимир Путин потврди дека првата пратка тактичко нуклеарно оружје пристигнала во Белорусија и дека тие се стационирани таму. 

Зошто да му се закануваме на целиот свет ? Веќе реков дека е можна употреба на екстремни мерки во случај да постои опасност за руската државност“, изјави тогаш Владимир Путин.

Александар ЛукашенкоБелорусијаВладимир Путиннуклеарно оружјеРусија