„Предолго живеев и направив премногу“: Шер објави мемоари кои ќе го потресат цел Холивуд: „Конечно ја открив вистината за мојот интимен живот“

Шер откри дека ќе објави мемоари во два дела, што ги изненади нејзините фанови.

На својот Инстаграм профил, познатата пејачка и актерка ја објави насловната страница на првата книга. 

– По повеќе од 70 години борба да го живеам животот по мои правила, конечно во интимни детали ја откривам вистинската приказна – изјави неодамна светската ѕвезда.

Првиот дел од мемоарите ќе биде објавен на 19 ноември, а книгата ќе има дури 480 страници.

Продолжението се очекува во текот на 2025 година. 

Добитничката на Еми, Греми и Оскар пред неколку месеци најави дека ова дело ќе биде големо.

–  Живеев предолго и направив премногу, па моите мемоари мора да бидат како енциклопедија  – се пошегува Шер.